zname mk zname en
facebook flicker twitter

Проширени вени

Летото е сезона на проширени вени (варикозни)

30% од населението страдат од проширени вени и компликациите од нив. Бројот на жени засегнати од ова заболување е 3-4 пати поголем во однос на мажите. Освен здраствен проблем ,представува и естетски проблем кај жените.

Причини за појава на варикозни вени:

  • Возраста:најчесто раширените вени се појавуват меѓу 30 и 70 години и состојбата прогресира.
  • Жените имат ппоголема предиспозиција од мажите.Причина за тоа може да е : бременота ,педменструален синдром,менопауза и др.
  • Хормонска терапија
  • Зголемена телесна тежина
  • Недвижење
  • Бременост
  • Наследен фактор
Симптоми на болеста :

Болеста поминува низ 3 стадиума:

  1. Првиот стадиум:симптоми на притисок и дискомфорт во долните екстремитети. Навечер околу глезните се појавуваат отоци,кои брзо поминуваат.
  2. Втор стадиум- по кожата на екстеремитетите се забележуваат мрежа од плавичасти вени. Постепено вените стануваат јазловидни и се приметуваат ,се појавуваат болки во нозете, воспаление ,чешање по тек на вените.
  3. Третиот стадиум-се појавуват т.н. варикозни јазви,рани по кожата на нозете. Понекогаш се зафатени и длабинските вени кои не се гледат.
Компликации:
  1. Вопсление(тромбофлебитис)-подување, втрднување, зацрвенување и болка во зафатената нога. Често температурата е зголемена, а пулсот успорен.
  2. Тромбоза-појава на засирувања /тромби/,многу втрднувања јазли по текот на вените.
  3. Крвави подливи -поради втрднувањето и кршливост на ѕидот на вените,настануваат од најмал удар ,а понекогаш и сами од себе.
  4. Варикозни јазли
Лекување:

Се спроведува од лекар специјалист кој прави избор од следните методи:

  1. Конзервативно лекување-лекови, додатоци на исхрана
  2. Склерозирачка терапија-дополнителен метод,при кој се ињектират специјални склерозирачки лекарства.Ова терапија се применува кај варикозни вени без компликации. Понекогаш се постигат добри резултати,но не редко после ињектирањето се појавуваат воспаленија на вените и повторно варкикозно јазви.
  3. Хирушко лекување-кај големи варикозни јазли ,исто и кај трофични јазли.
  4. Хомеопатија
Хранителни додатоци :

Вено-артеријален комплекс -Фитолек на д-р Марјан Иванов. Состав:гинко билоба,екстракт од гроздови семки, биофлавоноиди,витамин Ц, витамин Е ,витамин Б,магнезиум.

Ефекти:

  1. Ја подобрува циркулацијата исто и еластичнота и проодноста на крвните садови.
  2. Го намалува засирувањето на крвта и спречува образување на внатрешна тромбоза.
  3. Го намалува засирувањето на крвта и спречува образување на внатрешна тромбоза.

Дозирање:1-3таблетки на ден

Хомеопатска терапија :

Во летните месеци се препишуваат хомеопатски лекарства кои успешно помгаат за :

  • зголемување на цврстината и еластичноста на ѕидот на крвните садови
  • за заштита на проширените вени, сколони кон лесни подкожни крвави подливи
  • го одстрануват чувство на притисок и прскање во нозете
  • оневозможуват создавање на отоци во областа на долните екстремитети, како и други симптоми во зависност од оплакувањата на пациентот.
Претпазливи мерки

Тие се неопходни затоа што можат значително да ја намалат појавата на раширени вени. Ако се веќе појавени можат да им се подобрат симптомите, да се спречи или успори погресивното проширување на истите.

Затоа:
  • Секојдневно правете гимнастика,возете велосипед,пливајте,пешачете, искачувањето и симнувањето по скали ја подобруваат циркулацијата во долните екстремитети.
  • Контролитајте ја телесната тежина .Намалувањето на тежината преку лето ќе го намали дополнителното оптеретување на вените.
  • Регулирајте ја цревната функција.Опстипацијата е дополнителен фактор за влошување на состојбата.
  • Одберете соодветен режим на исхрана со повеќе овошје и целулозни влакна.
  • Одберете соодветни обувки,тие со ниска подпетица ја подобруваат активноста на мускулите, а со тоа и циркулацијата во долните екстремитети.
  • Избегнувајте долго стоенње , седење и вкрстување на нозете кое ја влошува циркулацијата на нозете. Да не се претерува со сауна,топли бањи и долго изложување на сончева светлина или солриум. И нормално навремени конултации со лекар ,веднаш при појавата на првите симптоми.
Ви посакувам спокојно и сончево лето. д-р Билјана Ристова
facebook flicker twitter