zname mk zname en
facebook flicker twitter

Хомеопатија "ЗАТОА ШТО ЗДРАВЈЕТО Е ВО САМИТЕ НАС"

Што е хомеопатија

Хомеопатијата е тераписка метода чиј што основен принцип на дејствување е ,,сличното со слично се лекува,,. Некои супстанции од природно потекло дадени во мали дози предизвикуваат одредени патолошки симптоми кај здравиот човек. Истите материи дадени во исклучително мали дози може да лекуваат болести со слични симптоми. Карактеристично за неа е индивидуалниот пристап на лекување. Во хомеопатијата има повеќе болни отколку болести односно третманот зависи од индивидуалниот начин на реакција на секој пациент. Хомеопатијата често ја користат пациенти кои го ценат фактот дека ова е една ефикасна нежна тераписка метода без несакани ефекти. Природните извори се основа за создавањето на хомеопатските производи.

КОЈ Е ЛЕКАРОТ ХОМЕОПАТ?

Лекарот хомеопат е лекар, кој го збогатил своето медицинско знаење со дополнително изучување на хомеопатија. Вашиот лекар хомеопат го одредува најдобриот третман за секој конкретен случај.

ПОЛЕ НА ДЕЈСТВУВАЊЕ НА ХОМЕОПАТИЈАТА

Хомеопатијата може да ја користат: новороденчиња, деца, бремени жени и возрасни. Ефикасноста на лекувањето не зависи од возраста. Хомеопатијата овозможува да се лекуваат голем број заболувања кои се сретнуваат во секојдневниот живот:

алергии во различни сезони, рецедивирачки уринарни болести, грипозни состојби некој пореметување на нервниот систем, кожни, гастроинтестинални, гинеколошки и други болести.

Хомеопатски лекарски супстанци

ПРОИЗВОДСТВО

Составот на хомеопатските лекови e од растително, минерално и животинско потекло. Крајната супстанца претрпува повеќекратни последователни разредувања и динамизации, чиј што број е наведен на хомеопатскиот лек. Типот на раздраување се наоѓа на етикетата и означен е со ознаките D, CH или К. 15CH значи дека производот веќе бил разреден 15 пати (во сто), почнувајќи од тинктурата мајка.

Со овие разредени супстанци се импрегнираат неутралните гранули кои претставуваат најчеста лекарска форма на хомеопатските лекови. Постоја и други форми на пример: гранули, капки, таблети .... Исто како и производството на алопатичните (класични) лекови, производството на хомеопатските лекови подлегнува на строги контролни анализи. Почитувањето на овие техники овозможува Лабораториите БОАРОН да нудат хомеопатски лекови со висок квалитет.

ДЕЈСТВО

Хомеопатијата дејствува така што ги стимулира природните заштитни механизми на организмот. Таа ефикасно дејствува кај акутните болести (грип. ринофарингитис и др.) болеста регресира за неколку дена и симптомите се намалуваат. Хомеопатијата дејстува и при хронични заболувања (егземи, алергии) ова е една од нејзините особености. Се забележува намалување на интензитетот на кризите, нивна разреденост и стабилизирање на состојбата.

Постојат два вида на хомеопатски лекови

МОНОПРЕПАРАТИ

се нарекуваат така затоа што содржат една активна супстанца и се означуваат со латинското име на супстанцата на пр: Arnica Montana, Lahezis.

СПЕЦИЈАЛИТЕТИ

чиј што комплексен состав е специјално направен од лекари за лекување на некое заболување, како што е Стодал при кашлица или Седатив при вознемиреност и напнатост

Еден ист хомеопатски препарат може да се користи за третман на различни болести бидејќи неговите терапевски индикации се со широк спектар. Тоа е причината поради која монопрепаратите не се издаваат со упатство и на етикетата не се напишани специфичните индикации. Ви препорачуваме да се консултирате со вашиот лекар хомеопат за да знаете кој хомеопатски лек ви е потребен.

ЕФИКАСНОСТ

Над 150.000 лекари во светот ја практикуваат хомеопатијата. Клиничките испитување, биолошките и физичките истражувања се предмет на многубројни публикации во меѓународните и медицинските известија и најпрестижни научни списанија. * The Lancet, British Medical Journal.

КАКО СЕ УПОТРЕБУВААТ

Хомеопатските монопрепарати главно се во форма на гранули кој се чуваат под јазикот и се оставаат до нивно целосно топење без да се грицкаати и без да се голтаат.

Најчесто препорачлива доза е 5 гранули на еден прием или целата содржина на дозата кога се даваат мали гранули.

Хомеопатските специјалитети најчесто се во класични медицински форми како таблети, дражеи, сирупи и други. Се препорачува хомепатските лекови да се земаат на растојание (15-20 минути пред или после јадење), исто така во устата не треба да постои никаков посебен вкус од силно ароматични материи (нане, кафе, цигари..)

Монопрепаратите на БОАРОН


ФЛАКОН СО БРОЈАЧ НА ГРАНУЛИ
  • 1. Отстранете ја лентата за да го отворите капачето
  • 2. Свртете го флаконот
  • 3. Завртете го капачето
  • 4. Потегнете го капачето
  • 5. Гранулите ставете ги под јазик

Гранулите на лабораториите БОАРОН се тројно импрегнирани, со допир не им се менуваат лековитите својства. Од хигиенски причини гранулите не смеат да се допираат со прсти

ХОМЕОПАТСКИ РАЗРЕДУВАЊА

Флаконите се обоени во различни бои, кои одговараат на хомеопатските разредувања.

Полупразниот флакон овозможува да се гледа нивото на преостанатите гранули во него.

ЗА ВАША ИНФОРМАЦИЈА

*На етикетата (годен до) трае до: означен е крајниот датум на траење. * Со ознаката (партида) серија: е означен серискиот број прикажан од производителот што ви овозможува да се проследи производствениот процес од самиот почеток.

Вашиот лекар хомеопат
д-р Билјана Ристова
075/586-741
e-mail: drbiba@hotmail.com

Полето на дејствување на хомеопатијата е многу големо. Вашиот лекар хомеопат одлично го познава дејството на хомеопатските лекови и нивните можности на лекување.

facebook flicker twitter