zname mk zname en
facebook flicker twitter

За алергија

Добредојдовте во нашиот сајт!

Неговото создавање беше резултат од една основна цел - да бидеме корисни на еден достапен и практичен начин на илјадници луѓе , кои страдаат од различни видови алрегии и на нивните блиски кои бараат начин да им се помогне во справувањето со ова заболување. Тука ќе обезбедите информации во врска со суштината, причините и механизмите за појава на алергиите и начините за нивното дијагностицирање. Ќе биде објаснато за нивната превенција и третман. Но најмногу, ќе ги претставиме можностите за трајно надминување на алергиите. Ви се Чини невозможно? Случаите од нашата пракса, дел од кои ќе можете да прочитате на овој сајт потврдуваат дека тоа е сосема возможно. Мислите дека алергија е казна во живот? Па, грешите! Се надеваме со се што ќе споделиме да ви дадеме храброст да се борите со оваа болест и да ја избегнете зависноста од противоалергичните лекови. Ви ја разбудив љубопитноста ,да? Се надеваме дека ќе ја разбудиме и вашата решеност !

Суштината на алергиите и најчестите алергени

Секој од нас секојдневно се среќава со страни за човечкиот организам материи и структури. За среќа, ние не сме незаштитен: нашиот имунолошки систем може не само да го препознае "непријателот", туку и да го уништи со создавање на специфични материи, наречени антитела. Надворешната манифестација-реакција на овој "судир" претставува воспалителна реакција која се карактеризира со покачена температура, појава на локални отоци и црвенило на кожа и слузница, создавање на секрети и др.

Имунолошкиот систем, сепак, не секогаш влегува во борба против надворешните стимулатори, бидејќи тој поседува способност да оцени колку тие претставуваат опасност за нашиот организам. Ако недостасува реална опасност, тогаш не се фрла излишна енергија за заштита.

повеќе »

------------------------------------------------------------------------------------------------------

Симптоми и дијагноза на алергиите

Кивање, слузава секреција или затнат нос, чешање на очите и кожата се најчестите алергиски симптоми.

  • Кивање: кивањето е начин со кој организмот се ослободува од правот и др. надразнувачки фактори, кои ги исфрла преку нормалната секреција. Во случај на алергија, кивањето продолжува и понатаму со денови без причина, и тоа секогаш со одделување на секрет.
  • Нос со постојана секреција: Во случај на алергија, секретот е бистар и воднаст за разлика од овој при настинка, кој е густ и жолтеникав.
  • Затнат нос: Кога поради алергијата носот е запушен поради отечена слузница .
повеќе »

------------------------------------------------------------------------------------------------------

Стандардно лекување на алергиите

Медикаментозно лекување, Постојат различни лекови за лекување на алергиите. Некои од нив може да се користат кај сите форми на алергиите, додека други - само кај некои нејзини форми.

Антихистаминици:

Антихистаминиците ги блокираат ефектите на хистаминот, кој е главната супстанца формирана од страна на организмот при алергиската реакција.Примената на антихистаминици е најчестото користено лекување кај алергиите. Третманот на алергиите со антихистамински препарати е воведена во 1942г. од францускиот лекар Bernard Halpern. Овој настан бива почетокот на една нова бурно растечка филијала на фармацевтската индустрија. Денес овие противоалергични средства постојат во форма на таблети, капки, инхалационен спрејови или креми. Тие се применуваат главно при сезонски и целогодишен алергиски ринитис и кожни алергии. Во групата на антихистамински средства спаѓаат такви лекови како Клемастин, Тавежил, Фенистил, Перитол, Кларитин, Антиалерзин, Алергозан, Бенадрил, Зиртек и др.

повеќе »

------------------------------------------------------------------------------------------------------

Различно лекување на алергиите

Класичната (конвенционална) медикаментозна терапија на алергиите дејствува така што ја потиснува алергиската реакција. Во моментот кога ке се прекине со соодветните лекови - многу брзо повторно доаѓа до враќање на симптомите. Тоа ги прави пациентите, понекогаш доживотни претплатници на фармацевтската индустрија, коja ја потиснува успешно хиперактивноста на организмот, но цената на ова лекување се се побројните штетни и несакани ефекти врз организмот.

Различно лекување е името со кое го ознчивме целиот овој комплекс од заштитни мерки, што може да му овозможи на алергичниот човек да се ослободи од симптомите на алергија и од зависноста кон лековите. Овој комплекс вклучува разумен живот, со почитување на некои едноставни правила, хомеопатска терапија (која е целосно безопасна, дури и кај бебиња, бремени жени и доилки) и нутритивна терапија. За огромниот придонес на хомеопатската терапија за надминување на алергиските појави сме пишувале во други страници на овој сајт: овде, како и овде.

повеќе »

------------------------------------------------------------------------------------------------------

facebook flicker twitter